Минесота не им се плаши на „ѓаволите“ од Њу Џерси

НБА ѕвездите веќе се на пат за Шарлот, каде викендов ќе се игра Ол-стар мечот, па понудата за полноќните натпревари е само со дуели од НХЛ лигата. Ги има четири и за нив ви нудиме анализа и предлог типови.

 

Бафало Сејбрс – Њујорк Ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Ова на некој начин е локално дерби во државата Њујорк, иако двата града се доста раздалечени и нема некој посебен ривалитет меѓу Бафало Сејбрс и Њујорк Ренџерс.

Традицијата, титулите и рејтингот се на страната на Ренџерс, екипа која е дел од „Оригиналните шест“ што се основачи на НХЛ, но во подобра форма и позиција моментно се Сејбрс. Имаат шанси за да се пласираат во плејоф по долгата низа неуспеси.

Многу работи кај домашниот тим зависат од капитенот Џек Ејчел, кој има само 22 години, а веќе е меѓу најдобрите хокеари во Лигата. Центарот на Бафало е опасен за противничките голмани сезонава, има вкупно 61 поен (18 голови и 43 асистенции“, а РЕнџерс годинава има многу проблеми на голманската позиција. Лундквист не брани како во најдобрите времиња, а и бугарскиот голман со руски пасош Александер Георгиев не се истакна сезонава.

Ренџерс имаат мали шанси за подвиг и пробив до позиции кои водат во плејофот, па улогата на фаворит ја има Бафало, но се чини подобро е да се одигра на мал број на голови.

Предлог тип: < 5.5 голови (2.05)

 

Каролина Хурикенс – Едмонтон Ојлерс (НХЛ, 01.30 часот)

Каролина е на чекор до позиција која гарантира место во плејофот, а Едмонтон е малку подалеку и со помали шанси да влезе во октетот учесници во доигрувањето во Западната конференција.

Генерацијата талентирани хокеари предводена од Наџент Хопкинс се уште не испорачува резултати во Едмонтон, иако се најавуваше светла перспектива за популарните Ојлерс. Сега очекувањата се повторно големи со новиот бран на екстра таленти што го предводат третиот стрелец во НХЛ, Конор Мек Дејвис, кој досега собра 82 поени и германскиот репрезентативец Леон Драисајтл со 67 поени.

На возраст од 22 и 23 години двајцата играат многу зрело и со Наџент Хопкинс се во топ-50-те стрелци во НХЛ лигата, што ветува светла перспектива за Едмонтон.

Главен адут на Каролина е 21-годишниот Финец Себастијан Ахо, но и колективната игра. Ноќеска ќе гледаме одлични индивидуалци кај Едмонтон против тимскиот дух на Каролина, во меч на кој би требало да има доста голови. Првиот дуел сезонава го добија Хурикенс со 7:4, а интересно е што гостинските екипи победуваа на последните четири меѓусебни дуели.

Предлог тип: > 5.5 голови (1.70)

 

Минесота Вајлд – Њу Џерси Девилс (НХЛ, 02.30 часот)

Ветеранот Зак Паризе ќе ги пречека своите поранешни соиграчи од Њу Џерси, како најефикасен хокеар на Минесота во досегашниот дел од сезоната. Иако има 34 години, тој ќе биде главната закана за гостите, кои играат лошо во последно време.

Голманите на Девилс, Кинкејд и Шнајдер заедно примија дури 13 голови на последните два меча, а Њу Џерси се прости од шансите да игра во плејофот. Трикратниот шампион на НХЛ Лигата е претпоследен во Лигата, па Минесота како осмопласирана екипа во Западната конфереција е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Анахејм Дакс – Бостон Бруинс (НХЛ, 04 часот)

Шесткратниот НХЛ шампион Бостон е фаворит за победа против сезонава слабите патки од Анахајм. Ветераните Бред Марчанд и Патрис Бержерон играат како во најдобрите денови и заедно со чешкиот репрезентативец Давид Пастрнак се ударното трио на Бруинс сезонава. Тимот игра одлично и ако не се случи некакво чудо ќе игра за титулата во доигрувањето.

Анахејм порано го носеше прекарот Моќните патки, но оваа сезона не презентираат моќ и не наликуваат на тимот што во последните години e постојан учесник во плејофот, а во 2007 година и ја освои единствената титула.

Главна причина за падот на Анахејм се чини е скромниот учинок на Рајан Гецлаф. Ветеранот има 33 години и сезонава не игра како што умее, па патките освоија само 53 бодови и се претпоследни во Западната конференција.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

 

- Оглас -

Најнови вести