Минесота за малку ќе направеше луд пресврт, но Оклахома е на чекор од големото финале

Оклахома Сити тандер поведе со 3-1 во финалето на Западната конференција во НБА-лигата откако со 128-126 победи на гостувањето во Минеаполис против Минесота тимбервулфс и дојде на една победа од големото финале.

За разлика од пред два дена, кога Минесота победи со 42 поени разлика, овојпат беше тесно и се радуваа гостите. Оклахома на крајот можеше од готово да направи вересија, му дадоа шанса на домаќинот да направи луд пресврт во финишот, но сепак дојдоа до победата.

Шај Гилџиус-Александер имаше личен плејоф-рекорд од 40 поени (имаше и 10 асистенции и девет скока), 34 поени уфрли Џејлен Вилијамс, а Чет Холмгрен заврши со 21 поен и ова трио беше најзаслужно за победата. Ѕвездата на Минесота, Ентони Едвардс, постигна само 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести