18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Минхен пред 15 години доби стадион кој со осветлувањето од надвор ќе ви ги каже кој игра внатре

На 30 мај 2005 година, беше отворен стадионот кој и денеска важи за еден од најмодерните во Европа, минхенскиот „Алијанц арена“, но екипата на Баерн Минхен својот меч на 15-годишнината од отворањето, против Фортуна, вечерва ќе мора да го игра без публика.

Главната цел поради која беше изграден овој прекрасен објект, беше Мундијалот во 2006 година. Веќе една и пол деценија стадионот е дом на клубовите Баерн и Минхен 1860, кои претходно како домаќини играа на Олимпискиот стадион.

„Алијанц арената“ има 75.000 седишта, неговата изградба чинеше 340 милиони евра, а тој беше и прв стадион кој навечер си ги менува боите на својата надворешност. Така, кога игра Баерн, стадионот е црвен, кога игра Минхен 1860 е син, а кога игра германската репрезентација или бел или во боите на знамето на Германија. Така, според боите може да погодите кој тим ќе игра тој ден.

- Оглас -

Најнови вести