Минимален пораз за У-21 селекцијата на Македонија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година претрпе пораз од 1-2 на гостувањето кај Босна и Херцеговина.

На мечот на стадионот во градот Коњиц домашните водеа со 2-0 со голови во 11-тата и во 72-рата минута, а тимот на селекторот Драган Канатларовски поразот го ублажи во 92-рата минута.

Ова беше втора контрола за македонските надежи откако на 1 јуни ја победија Полска со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести