Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа минимална победа над Хетафе со 1-0 на својот „Ванда Метрополитано“ во малото градско дерби од 28-то коло на шпанската Ла Лига.
Решавачкиот погодок падна веќе во осмата минута и го постигна аргентинскиот десен бек, Науел Молина. Акцијата започна со изведување аут од Молина, топката му се врати на 25 метри од голот, а тој со силен шут погоди во самиот агол за 1-0. Погодокот беше впечатлив, многумина го оценија како еден од најубавите во сезоната.
Најмногу внимание по натпреварот предизвика случката во 55-та минута. Дефанзивецот на гостите, Акбар, и напаѓачот на Атлетико, Сорлот, влегоа во дуел без топка на средината од теренот. Мароканецот нешто му кажа на Норвежанецот и го допре, а Серлот го повлече и го собори на земја. Судијата Ортиз, по преглед на ситуацијата на ВАР, покажа црвен картон само на Акбар, што предизвика големо изненадување кај фудбалската јавност, освен кај навивачите на Атлетико.
И покрај бројната предност, Хетафе, кој неодамна го победи Реал на гости, и со десетмина играчи остана опасен и имаше две одлични шанси. Сепак, на крајот славеше тимот на Диего Симеоне.

