Фенербахче со минимални 1-0 го совлада Зенит во првиот меч во битката за пласман во осминафиналето од Лигата на Европа. Домаќините славеа благодарение на Ислам Слимани, додека Зенит ќе жали што со пораз заминува од Истанбул, откако пропуштија голема шанса да постигна гол на гости, по промашениот пенал на Роберт Мак.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас стартуваше од првата минута и целосно ја оправда довербата на Ерсун Јанал. Елмас имаше неколку закани кон противничкиот гол, а на теренот се задржа до 72-ра минута откако го замени Андре Ају.
Алжирскиот голгетер погодокот го реализираше во 21-та минута, додека пред крајот на полувремето судијата додели најстрога казна во корист на Зенит, а Текин го одбрани шутот на Мак.
Реваншот на „Гаспром арена“ е закажан за 21-ви февруари, со почеток од 18:55 часот.
https://www.dailymotion.com/video/x72b6y7