Удинезе славеше со минимални 1-0 против Торино во мечот од осмото коло во Серија А, благодарение на Стефано Окака и неговиот втор погодок оваа сезона во шампионатот на Италија. Во третата овосезона победа на Зебрите, македонскиот голгетер Илија Несторовски доби шанса да ги одигра последните неколку минути од средбата на „Дачија Арена“, откако во 85-тата минута влезе на местото од Ласања.
Удинезе сега има 10 бода и се израмни на табелата со денешниот ривал на делба на деветтата позиција.
https://twitter.com/aiglebl35785880/status/1185916117467971584
Калјари со рутинирани 2-0 го совлада Спал и направи подвиг на табелата до петтата позиција, искористувајќи го ремито без голови меѓу Рома и Сампдорија. На „Сардења“ денес се постигна еден од најубавите погодоци на колото, а многу веројатно ќе биде и претендент за најдобар гол во оваа сезона.
Раџа Најнголан го трасираше Калјари кон нов успех, неговата ракета беше најава за победата, а Фараго на помалку од половина час до крајот ги разреши сите дилеми.