Минимална победа ќе им заврши работа на Николов и Жута, коефициентот е одличен во Супер типот на Sport Life

Бобан Николов и Леонард Жута го играат најважниот клупски меч во сезоната, денеска против Венеција од 18.30 часот на патот кон пласман во Серија А.

На Лече, тим за којшто настапуваат нашите двајца играчи, му треба каква било победа за настап во финалето и решавачки двомеч против Монца, или Читадела што би ги одвел во италијанската елита.

Реваншот на „Виа дел Маре“ Лече ќе го почне со негатива од 0:1, па ако верувате во триумф на домаќините, коефициентот во Супер типот на Sport Life е 2.20.

Лече има предност ако победи денеска бидејќи беше подобропласиран од Венеција во регуларниот дел од сезоната и секоја победа го води во финале.

Во денешната понуда на Sport Life со Супер типот има уште 15 натпревари од различни спортови и од нив можете да си одберете ваш џокер со повисок коефициент од стандардната понуда на тикетите уплатени во Sport Life.

Изборот е од фудбалски и тениски натпревари и еден хокеј од НХЛ-лигата, големото дерби меѓу Торонто мејплифс и Монтреал канадијанс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести