26.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Минималната победа на Светците во Лондон го остави Арсенал со надеж за финале

ПСЖ како гостин славеше со 1-0 против Арсенал и париските Светци сега се многу поблиску до финале во Лигата на шампионите.

Но, на реваншот во Париз и Арсенал ќе има што да каже, можеби Топчиите тоа што го пропуштија вечерва ќе го надоместат на „Паркот на принцовите“, иако ќе биде тешко против тим кој се покажува како кобен за англиските екипи.

Усман Дембеле го даде голот за победа уште во четвртата минута, а подоцна стрелецот се повреди и беше повлечен од игра. По голот за 1-1 кој беше поништен, Арсенал малку како да затаи, па треба да бидат и задоволни што не примија втор гол кој речиси ќе ги отпишеше.

- Оглас -

Најнови вести