8.3 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Министерот Ристовски им посака среќа и успех на ракометарите

На последниот тренинг на македонската ракометна репрезентација во Скопје во рамки на подготовките за Европското првенство, тимот беше посетен од министерот за спорт, Борко Ристовски.

Ристовски и раководството на Ракометната федерација на Македонија им посакаа здравје, успех и среќа на играчите кои в среда заминуваат во Швајцарија на пријателски турнир, а потоа одат во Данска каде на 16-ти јануари го имаат првиот меч на ЕП.

Ристовски добро знае како е да се биде од „другата страна“, долги години беше голман на репрезентацијата и тоа во време кога ги имавме некои од најголемите успеси на големите натпреварувања, па секако им даде искрена поддршка на момците кои месецов ќе ја претставуваат Македонија на Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести