Министерот за здравство на Шпанија ја дополни неизвесноста: Фудбал може да нема до летоска

Шпанија е земјата во Европа со најголем број на заразени луѓе од Коронавирусот, а и по повеќе од еден месец од појавување на опасниот вирус, ситуацијата не е смирена. Само во последните 24 часа во земјата починале 288 луѓе од опасниот вирус, па бројот на умрени во пандемијата достигна над 23.100 луѓе. Бројот на заразени е над 207.000, а вирусот го пребродија речиси 100.000 луѓе.

Во една ваква ситуација, неизвесно останува дали ќе продолжи фудбалското првенство на Шпанија. Популарната Примера беше возбудлива, а Барселона и Реал Мадрид се главни ривали за тронот. Од Барселона и неколку други клубови најавија дека се против продолжување на сезоната, а сега и министерот за здравство ја дополни неизвесноста.

„Не можам да кажам дали е возможно фудбалското првенство да продолжи пред летото. Неблагодорно е да прогнозирам“, вели министерот Салвадор Ија.

 

- Оглас -

Најнови вести