Министерството за спорт ќе ги награди одбојкарите со три милиони денари

Одбојкарската репрезентација на Македонија се пласира на четврто Европско првенство по ред. Нов голем успех за Никола Ѓоргиев и останатите соиграчи, кои ја потврдуваат својата класа и повторно ќе бидат дел од најголемиот континентален собир.

Министерството за спорт ќе го награди овој нов успех на македонските одбојкари со три милиони денари.

„Голем успех е да се избори пласман на Европско првенство, а уште поголем е кога тоа се прави четирипати во низа. Министерството за спорт донесе одлука да го награди успехот на македонските одбојкари со три милиони денари“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести