Фудбалските клубови од Саудиска Арабија добија силна финансиска инјекција од државата, и веќе е јасно дека и во следните години тие ќе доминираат на трансфер пазарот со понуди кои ќе делуваат нереално.
Министерот за спорт, принцот Абдулазис бин Турки ал Фаисал, им додели 19,7 милијарди евра на фудбалските клубови, пари кои треба да ги потрошат за купување играчи до 2030 година.
Ова значи дека секое лето саудиските клубови ќе имаат огромен буџет за трошење, и ќе си дозволат по неколку милијарди годишно за доведување на нови играчи.