Милнер не знае за доста: потпиша нов договор и сега ќе го брка уникатниот рекорд во Премиер лига

Ветеранот Џејмс Милнер не планира да оди во пензија, Искусниот 39-годишен Милнер се согласи на едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот од јужниот брег.

Со ставањето на потписот со Брајтон, искусниот 39-годишник ќе се обиде да го сруши рекордот на сите времиња по број на настапи во Премиер лигата.

Милнер, кој го имаше своето деби во Премиер лигата како 16-годишник за Лидс во 2002 година, во сезоната која што неодамна заврши одигра само четири лигашки настапи и тоа ппоради повреда која ја здоби во август. Тој сега има вкупно 638 настапи во Премиер лигата.

Милкер кој во јануари треба да го прослави 40-тиот роденден, има шанса да го сруши рекордот на Гарет Бери од 653 настапи во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести