Мињоле му фаќа сеир на ПСЖ: Нивниот напад беше слаб и немав многу работа

Триото на ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе, немаа деби од соништата откако вчера против Клуб Бриж одиграа само 1:1. Иако според сите најави, Светците требаше да слават убедлива победа, сепак тоа не се случи.

Голманот на Бриж, Симон Мињоле, му фати сеир на францускиот тим.

„Имав само две-три просечни интервенции и немав многу работа. Нивниот напад беше слаб, а тоа е благодарение на нашата одлична одбрана. Знаевме дека не смееме да ги оставиме еден на еден и тоа и го направивме. Покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите иако сите предвремено не отпишаа“ кажа голманот на Клуб Бриж.

Колку и да звучи нереално, навистина беше така. Трите суперѕвезди не се заканија посериозно, а стрелец на единствениот гол беше Андер Ерера во 15-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести