Арина Сабаленка – Викторија Азаренка (САД опен, 01 часот)
Во Минск, Белорусија со посебен интерес ќе се следи првиот и историски дуел на двете врвни тенисерки, родени во овој град. Ретко во светот на тенисот се случува да има градско дерби на гренд-слем турнир, а ждрепката беше немилосрдна кон двократната гренд-слем шампионка Азаренка и велат идната освојувачка на вредни трофеи Сабаленка.
Популарната Вика мина низ многу искушенија во животот во последно време, па се чини дека приватните проблеми ја спречија да има уште неколку пехари од ВТА турнирите, но таа е среќна што успеа да му се врати на тенисот, игра во која освои 20 титули, две од нив на Австралија опен.
Во Њујорк има две финалиња, но не успеа да оди докрај и да се искачи на тронот во 2012 и во 2013 година. Веќе има 30 години и сега веќе не е во првиот ред на фаворитки за пехарот на „Флешинг Медоуз“. Ќе има тешка задача против 21-годишната сограѓанка од Минск.
Сабаленка е една од најдобрите тенисерки од нејзината генерација, а недостасува голем успех на гренд-слем турнирите. Ја најавуваат како идна шампионка, а засега ланскиот настап во четвртата рунда токму во Њујорк и е најголем успех на еден од четирите најценети светски турнири.
Дерби е и тоа градско на Минск, во Големото Јаболко, па очекуваме тешка и неизвесна битка во три сета.
Предлог тип: > 21.5 гем (1.85)
Џон Милман – Рафаел Надал (САД опен, 01 часот)
Австралиецот лани токму во Њујорк го одигра турнирот на кариерата, прирефди првокласна сензација со победа против Роџер Федерер во четвртата рунда, но не можеше подалеку од првото гренд-слем финале, бидејќи шампионот Новак Ѓоковиќ беше преголем залак за него.
Сега и немаше среќа со ждрепката, па 30-годишнито тенисер од Бризбејн ќе мора да игра со Рафаел Надал. Човек што трипати го освои пехарот на САД опен и чиј стил на игра не му одговара на Милман.
Еднаш играа меѓусебе, на Вимблдон пред две години и Шпанецот го декласира Милман со лесна победа од 3:0.
Рафа е светска марка, се наоѓа во одлична форма и покрај годините, а ги има 33 и се очекува нова убедлива победа против тенисер што нема АТП титула и не игра добро против него. Ќе типуваме триумф на фаворитот без загубен сет и со мал број на гемови.
Предлог тип: < 27.5 гемови (1.82)
Стив Џонсон – Ник Кирјос (САД опен, 02.15 часот)
Играа еден меч меѓусебе досега и Кирјос го предаде во Шангај во 2017 година и тоа по еден одигран сет. Џонсон мина понатаму, а единствениот сет што се одигра заврши во тај-брејк со 7:5 во поени за Американецот.
Кирјос е најголемиот траблмејкер во светот на тенисот, се кара со судии, со публика, со противниците, па тоа често најмногу му штети нему. Губи енергија со скандалозното однесување, што е вистинска штета, бидејќи се работи за екстра-талент, кој би можел да постигне многу повеќе од тоа што досега го забележа во кариерата.
Стив Џонсон е еден сосема солиден тенисер, веќе 29-годишен, со 4 освоени титули и со најдобар ранкинг во кариерата на 21-та позиција на АТП листата. Пристигна во Њујорк со полуфинале во Винстон-Салем, а претходно победи на турнирот во Аптос, што потврдува дека е во оптимална форма и може да му зададе проблеми на Кирјос. Знае да игра на темпо, да го чува својот сервис и ќе типуваме дека барем во еден сет, тај-брејкот ќе одлучува.
Предлог тип: Има тај-брејк (1.45)
Слоун Стивенс – Ана Калинскаја (САД опен, 03 часот)
Шампионката од 2017 година на САД опен, Стивенс, повторно е кандидатка за титулата, но нема да има лесна задача на стартот, пред својата публика.
Ана Калинскаја лани дебитираше на гренд-слем турнирот во Њујорк, но играше само една рунда и веднаш беше елиминирана. Има едно јуниорско гренд-слем финале, во Париз на Ролан Гарос, како најава за успешна сениорска кариера. Рангирана е во топ-100 и од неа допрва се очекуваат успеси.
Стивенс е со многу поголемо реноме, веќе се впиша меѓу шампионките во Њујорк и се очекува да победи во првото коло, но Калинскаја не е наивна ривалка и може да и зададе проблеми на 11-та носителка на турнирот.
Ова е прв меѓусебен меч на двете тенисерки и ќе типуваме дека ќе има повеќе од 20.5 гемови, колку што е границата во обложувалниците на Sport Life.
Предлог тип: > 20.5 гем (1.85)
Палмеирас – Гремио (Копа Либертадорес, 02.30 часот)
Домаќините ќе го почнат реваншот во еден од двата бразилски двомечи во четвртфиналето на Копа Либертадорес со голема предност. Победија со 1:0 во Порто Алегре, но ќе мора да играат без исклучениот Фелипе Мело. Густаво Скарпа со гол им донесе позитива, а и традицијата во дуелите против Гремио им е блескава.
Палмеирас нема пораз на домашен терен од Гремио веќе 11 години, или 11 меча по ред, што е знак дека се многу незгоден ривал за клубот од Порто Алегре.
Луис Сколари одлично диригира од клупата со Палмиерас и ноќеска домаќинот е фаворит за пласман во полуфиналето.
„Алијанц Парк“ и навивачите на Палмеирас ќе бидат во транс, ќе се бодри својот миленик во обидот да се стаса во самата завршница и да се направи чекор напред кон втората титула во Јужноамериканската Лига на шампиони, по единствената што е освоена пред 20 години.
Гремио има многу повеќе успеси во Копа Либертадорес, има три пехари, а последниот е освоен пред две години. Гостите имаат неповолен резултат и ќе мора да атакуваат на голот на домаќинот, што ќе отвори простор за опасните контри на Палмеирас, што ќе ги предводат Вилијан, Бруно Енрике и Луиз Адријано.
И Гремио има свои адути, Евертон е опасен стрелец, тука се и одличните офанзивци Андре и Алисон, па ќе гледаме одличен фудбал и неизвесен меч.
Предлог тип: 2>1 (2.10)