Минус 18 бода од Ренџерс е премногу, Селтик го разреши тренерот Ленон

Селтик сезонава е немоќен во трката со лутиот градски ривал Глазгов ренџерс, па откако тимот се најде во заостанување од дури 18 бода зад Ренџерс, клубот реши да му врачи отказ на тренерот Нил Ленон. Од Селтик објавија дека до именувањето на нов тренер, функцијата привремено ќе ја извршува асистентот на Ленон, Џон Кенеди.

Ленон, кој е од Северна Ирска и има 49 години, со Селтик од февруари 2019 наваму, кога го наследи Брендан Роџерс на клупата на Келтите, освои две титули во Шкотска и три купа на земјата. Како играч, Ленон одигра над 200 меча во дресот на Селтик.

Сезонава Ренџерс е многу подобар од Селтик и за Селтик ќе заврши серијата од девет титули едноподруго. Поразот од Рос каунти во неделата ја прели чашата и клубот ќе се обиде со смената на тренерот да ги подобри работите.

- Оглас -

Најнови вести