Минута молк во Ла Лига за жртвите од корона-вирусот

Минута молк ќе има за жртвите од корона-вирусот пред почетокот на сите преостанати натпревари во Ла Лига до крајот на сезоната, одлучи Шпанската фудбалска федерација. По три месеци пауза, првенството се враќа на програмата на 11 јуни со дуелот во градското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис, а минута молк ќе има и на натпреварите во Втората и Третата фудбалска лига.

Шпанија е една од најпогодените земји во Европа од пандемијата со вирусот ковид-19, каде што досега се регистрирани повеќе од 27.000 смртни случаи. Ова веќе се применува во Бундеслигата во знак на сеќавање на жртвите и многу веројатно ќе го применат и останатите шампионати од топ-5 лигите во Европа.

Во пресрет на рестартот на сезоната во Ла Лига, Барселона ја држи челната позиција на табелата со 58 бода, два повеќе од ривалот Реал Мадрид, и се очекува неизвесна битка за титулата во преостанатите 11 кола.

- Оглас -

Најнови вести