15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Миовски беше стартер за Жирона која загуби на гости кај Лас Палмас

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го одигра цел меч за Жирона во поразот на гостински терен кај Лас Палмас, во 11 коло на шпанското првенство. Жирона ја имаше фаворитската улога, но Лас Палмас покажа дека со доаѓањето на новиот тренер Диего Мартинез, работите тргнаа во позитивна насока.

Лас Палмас немаше победа со месеци, а сега втор пат за само шет дена се радува. Прво победи на гости кај валенсија со 3:2, а сега и пред своите навивачи се радуваше овојпат против Жирона.

За Жирона ова е петти пораз сезонава и тимот покажува дека е далеку од минатосезонската форма кога беше рамо до рамо со гигантите Реал Мадрид и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести