21.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Миовски беше стартер за Жирона, но беше заменет откако голманот доби црвен картон

Мечот помеѓу Жирона и Рајо Ваљекано го означи стартот на новата сезона во шпанската лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, и покрај бројните шпекулации дека ќе си замине од каталонскиот клуб, сепак, се најде во стартната постава на Жирона, но одигра само 45 минути.

Голманот на Жирона, Газанига, во 45-тата минута заработи директен црвен картон, па тренерот на „каталонците“, Мичел, одлучи од игра да го повлече Миовски, а на неговот место да го уфрли резервниот чувар на мрежата, Крапивцов.

На крајот, Жирона изненадувачки загуби на домашен терен од Рајо Ваљекано со 1-3.

Миовски за 45-те минути на теренот не успеа да постигне погодок, а со тоа го продолжи и постот без гол на клупски план во 2025 година. Нашиот репрезентативец не успеа да се запише во листата со стрелците ниту на претсезонските натпревари за Жирона, а единствените два гола оваа година ги даде за Македонија, по еден на натпреварите против Лихтенштајн и Велс.

- Оглас -

Најнови вести