18.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Миовски: Без двоумење ја прифатив понудата од Ренџерс, со репрезентацијата треба да го продолжиме добриот ритам

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (4 септември, Прага) и против Лихтенштајн (7 септември, Скопје) од квалификациите за СП 2026.

Поради повреда, Димитар Митровски нема да биде дел од септемвриските пресметки. Фудбалерот од средниот ред на Олимпија Љубљана ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на задната ложа здобиена на загревање пред синоќешниот натпревар од словенечкото првенство. На првиот тренинг отсуствуваа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, двајцата утре ќе се стават на располагање на селекторот Милевски.

Бојан Миовски, кој само пред два дена го реализира својот голем трансфер во шкотскиот гигант Глазгов ренџерс, ги сподели своите очекувања од новата страница во клупската кариера, како и очекувањата од натпреварите до националниот тим.

„Кога дојде понудата од Ренџерс, не се двоумев, тренерот ми даде дополнителна поддршка и среќен сум поради тоа. Дебитирав против Селтик, првпат почувствував таква атмосфера, знаеме какво е ривалството меѓу двете екипи. Во Жирона не беше сç сјајно, имавме лоша сезона, колективно и индивидуално. Едноставно бев во погрешно време таму и морав да донесам одлука за мојата иднина. Се вратив во шкотската лига, каде што претходно настапував во Абердин, но сега во многу поголем историски клуб“.

„Имаме позитивна форма во репрезентацијата, се надевам дека ќе го продолжиме тој добар ритам и на натпреварите кои ни следуваат. Треба добро да се подготвиме за Саудиска Арабија, која е многу сериозна репрезентација, а потоа максимално да се фокусираме на Лихтенштајн. Денеска нема слаби селекции и однапред добиени натпревари“.

- Оглас -

Најнови вести