Бојан Миовски дефинитивно прерасна во вистински лидер на екипата на Абердин, иако само неколку месеци е дел од шкотскиот тим. Македонскиот репрезентативец има вкупно 11 погодоци сезонава (10 во првенство и еден во Купот), а Абердин е на третото место на табелата, веднаш зад гигантите Селтик и Ренџерс.
Абердин вечерва со 4:1 славеше над Хибернијан во кој Миовски постигна два гола. Македонецот го отвори резултатот со гол од пенал во последните секунди од првото полувреме, кога донесе водство од 1:0 за Абердин. Се играше дури осмата минута од надополнувањето (53 минута), кога Миовски погоди, а тој гол може да го видите ТУКА.
Во осмата минута од второто полувреме, односно кога на часовникот повторно покажуваше 53 минута, Миовски повторно погоди. Овојпат тоа беше гол од игра, за зголемување на предноста од 2:0.
Гостите намалија на 1:2, но потоа домашните играчи постигнаа уште два гола и стигнаа до сигурна победа од 4:1 и вкупно 22 бодови од 13 кола. Миовски на овој меч играше до 89 минута кога беше заменет и доби заслужен аплауз од домашната публика.