6.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Миовски даде фантастичен гол против Селтик (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна одличен гол и тоа протов шкотскиот гигант Селтик, во ремито од 1:1.
Се играше 50 минута кога Миовски тргна во напад, со фантастичен дриблинг буквално го седна противничкиот дефанзивец на земја, а потоа со силен и прецизен удар ја затресе мрежата на прославениот противник, за голема радост на трибините и водство од 1:0.

За Миовски ова беше 12 гол сезонава во првенството на Шкотска со што е на второто место на листата на најдобри стрелци.

Селтик се спаси од пораз благодарение на погодокот во 65 минута кога фаворизираните гости израмнија на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести