Навивачите на Абердин имаат нов миленик, тоа е македонскиот голгетер Бојан Миовски, кој денеска со победата на Ливингстон од 5-0, придонесе со два гола.
Миовски откако дојде до Абердин, на пет средби постигна пет гола, и се наоѓа на врвот на листата на стрелци во шкотскиот Премиершип.
На некои стадиони во Македонија нема шанса на трибините да се види македонско знаме, но благодарение на Бојан, во далечната Шкотска се вее македонското државно знаме.