Миовски е злато вреден за Абердин: Нов гол за Македонецот во победата на тимот кој се бори за опстанок

Бојан Миовски ја продолжува голгетерската низа во шкотското првенство. Македонскиот репрезентативец погоди по само пет минути на домашен терен против Рос Каунти за водство од 1:0. За Миовски ова беше 14-ти погодок сезонава во шкотскиот шампионат и е на третото место на листата на најдобри стрелци.

Рос Каунти израмни во 26 минута, но Абердин ја потврди фаворитската улога и со погодокот на Џејми Мекгети стигна до 2:1 во 79 минута. Во 90+2 минута Миовски беше повлечен од игра.

Ова беше многу важна победа за Абердин во борбата за опстанок. Тимот на Миовски сега има 33 бодови од 31 меч и е на деветото место на табелата, пет повеќе од Сент Џонстон кој е на десетото место. Рос Каунти останува на претпоследното место со 27 бодови.

- Оглас -

Најнови вести