Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е нов фудбалер на шпанскиот прволигаш Џирона. Тој вчера го комплетираше трансферот, а испрати и емотивна порака за „збогум“ до фановоте на Абердин.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Направивте да се чувствувам како дома, напредував, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на се. Од моја страна секогаш го давав макмумумот, за да можам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубам во клубот. Ви благодарам многу за тоа и секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина. Еднаш Дон – секогаш Дон“, објави Миовски на социјалните мрежи.