Бојан Миовски одигра 62 минути како стартер за Абердин против Селтик во првото коло на шкотското првенство и си замина од легендарниот „Селтик парк“ со пораз од 2:0.
Мечот што го означи стартот на новата сезона во шкотскиот шампионат за двете екипи, почна со импресивната кореографија на домашните навивачи.
https://twitter.com/fitbaculture/status/1553767584121724933?s=20&t=yvmt9gPZ2oE1hBH948lBcg
Селтик, кој е 52-кратен шкотски првак со по еден гол во двете полувремиња ја продолжи доминацијата во дуелите со Абердин, тим од кој нема загубено веќе пет години.
За македонскиот репрезентативец ова беше првиот шкотски час во првенството, откако претходно играше за Абердин во Лига купот и постигна гол од пенал против Рајт.
Миовски ова лето дојде во редовите на четирикратниот шкотски шампион за сума од над 650 илјади евра од редовите на унгарски МТК.
Веднаш на дебито против Рајт пред една недела даде и гол во победата од 3:0, но денеска и тој и неговите соиграчи немаа шанса за подвиг против 52-кратниот првак на Шкотска.