Миовски: Гордост е да се игра за репрезентацијата

Бојан Миовски кој беше стрелец на единствениот гол во победата од 1-0 над Фарски Острови, задоволен е што Македонија реди победи и најави дека не планираат да застанат тука.

„Задоволни сме. Целта ни беше првото место во групата. Знаевме со каков противник играме денеска, Фарски Острови дојдоа со голема самодоверба по победата во Естонија, беше тешко да се пробие нивната одбрана. Но, останавме смирени тоа беше договорот на полувремето, ја искористив шансата на најдобар можен начин. Среќни сме за овие резултати бидејќи секогаш со гордост го носиме дресот на националниот тим. Како тим играме добро, имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и ќе ја израдуваме Македонија со уште поголеми успеси“, изјави Миовски.

- Оглас -

Најнови вести