Бојан Миовски ќе биде еден од главните адути во нападот на Македонија на клучниот дуел во Лигата на нациите против Грузија во петок од 18 часот.
Македонија мора да победи, и тоа најмалку со три гола разлика за да има реални шанси за првото место во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.
„Во мислите ни е само победа. Грузија многу напредуваше, но и ние имаме квалитет. На првиот меч бевме подобри во првото полувреме, но не погодувавме, а тие си ги искористија шансите и победија. Сега мислам дека ќе биде поинаку, иако имаме кадровски проблеми без неколку клучни репрезентативци. Очекувам победа“, изјави Миовски.
Тој е во топ-форма откако го засили Абердин ова лето и е прв стрелец на тимот, па од него и на 23 септември на „Динамо арената“ во Тбилиси очекуваме голови за победа на Македонија.
Bojan Miovski – izjava – YouTube