Бојан Миовски имаше одлична сезона на клупски план во дресот на Абердин и тој сигурно ќе биде еден од главните адути на Македонија за претстојните контролни дуели против Хрватска и Чешка. Миовски вели дека е одлично што за ривали имаме селекции кои ќе бидат дел од Европското првенство во Германија.
„Знаеме против кого играме. Хрватска е огромна репрезентација. Овие два меча ќе бидат одличен тест за да видиме до каде се нашите сили и да видиме дали можеме да се надеваме во иднина повторно да играме на големо натпреварување. Секогаш играме подобро со големи репрезентации. Хрватска се подготвува за ЕП и одлично е за нас што ќе тестираме со нив. Капитенот Барди ќе ни недостасува, но имаме одлични млади играчи на средината кои ќе треба да го пополнат неговото отсуство“, вели Миовски, кој додаде дека не треба да се трошат многу зборови за тоа какви фудбалери имаат Коцкестите во својот состав.