Миовски и Абердин ќе играат во групите во Лигата на Европа

6736 Абердин – Хакен (20.45 ч.)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше најзаслужен што неговиот Абердин одигра 2:2 против Хакен во првиот меч од плејофот за пласман во групите во Лигата на Европа. Миовски минатиот четврток постигна гол и имаше асистенција, а вечерва повторно се очекува да биде главна опасност за голот на шведскиот тим.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.65)

 

6780 ПАОК – Хартс (19.30 ч.)

Грчкиот тим славеше со 2:1 во првиот натпревар кој се играше во Шкотска и е голем фаворит за триумф вечерва пред своите гледачи.
ПАОК досега одигра четири меча на домашен терен сезонава, на три славеше со гол-разлика 8:1, а единствено против Бејтар Ерусалим во квалификациите за Лигата на конференции одигра без голови. Хартс загуби на двата последни дуела, од ПАОК и од Данди во шкотската лига. Во претходното коло, против Розенборг загуби на гости со 2:1.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (1.96)

 

6729 Шериф Т. – КИ Клаксвик (19.00 ч.)

Шериф и КИ Клаксвик одиграа 1:1 во првиот натпревар и вечерва во Тираспол ќе одлучат која екипа ќе игра во Лигата на Европа, а која во Лигата на конференции. Тимот од Фарски Острови е вистински хит во квалификациите за европските купови бидејќи во првата рунда за пласман во ЛШ го елиминира шведскиот шампион, притоа играјќи на гости 2:2. Клаксвик го изненади на првиот меч и норвешкиот првак Молде, но загуби убедливо во реваншот, но покажа дека игра офанзивен фудбал и головите се реалност на вечерашниот дуел.

Предлог тип: 1-3 & 1-3 (1.97)

 

6806 Фиорентина – Рапид Виена (20.00 ч.)

Фиорентина вечерва на „Артемио Франки“ ќе брка негатива од еден гол против Рапид Виена. Минатата сезона Виолетовите играа во финалето на Лигата на конференции каде загубија од Вест хем, но сега мора преку квалификациите да обезбеди пласман во ова натпреварување. Тренерот Италијано минатиот викенд на дуелот со Лече (2:2) одмори неколку клучни фудбалери токму за вечерашниот натпревар и се очекува неговите избраници од првата минута да тргнат офанзивно и да издвојуваат сигурна победа.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.10)

 

6838 Ајнтрахт – Левски (20.30 ч.)

Ајнтрахт и Левски во првиот натпревар одиграа 1:1, а бугарскиот тим се спаси од пораз со гол во петтата минута од судиското продолжение. Вечерва фудбалерите на Ајнтрахт нема да калкулираат, ќе се обидат во целост да ја оправдаат фаворитската улога и со победа да обезбедат пласман во групите во Лигата на конференции. Иако не би требало да игра бунтовникот Рандал Коло Муани, кој е најдобар стрелец на тимот, сепак Ајнтрахт е голем фаворит за победа.

Предлог тип: Т1 1-3 & 1-3 (1.99)

- Оглас -

Најнови вести