Миовски и Абердин му го потпишаа отказот на Бил во Ренџерс

Шкотскиот гигант Ренџерс го отпушти тренерот Мајкл Бил поради лоши резултати. Чашката се прели во саботата, кога Ренџерс пред своите гледачи загуби со 1:3 од Абердин, чиј прв напаѓач е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

„Резултатите во оваа сезона беа под очекувањта кои ги имаме сите во Ренџерс. Поради тоа е донесена одлука да се раскине договорот со тренерот, како и со останатите членови на стручниот штаб. Управата на Ренџерс им се заблагодарува на Мајкл Рид и на неговите соработници за нивната работа и придонесот во клубот“, стои во соопштението на Ренџерс.

Бил на клупата на Ренџерс седна во ноември минатата година, кога дојде како замена за Џовани ван Бронхорст. Одисејата на клупата на шкотскиот тим ја започна со 13 победи во првите 14 меча, но сепак најлутиот ривал Селтик ја освои титулата.

Поранешниот играч на Ренџерс, Стивен Дејвис е назначен за привремен тренер на тимот.

Ренџерс по седум кола во шкотската Премиер лига, се наоѓа на третото место со седум бода помалку од лидерот Селтик.

- Оглас -

Најнови вести