Миовски и годинава продолжува по старо, два меча и два гола (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните игри сезонава и повторно се запиша во листата на стрелци. Во вториот официјален меч за Абердин во 2024 година, Миовски повторно се запиша во листата на стрелците.

Миовски го постигна првиот гол за Абердин кој со 2:0 славеше во шкотскиот куп против Клајд. Македонецот голот го постигна во 32-та минута, а конечниот резултат го постави Девлин во второто полувреме.

Миовски постигна гол и во првиот меч на Абердин во 2024 година, во триумфот од 3:0 во Премиер лигата над Рос каунти.

- Оглас -

Најнови вести