Македонските репрезентативци Бојан Миовски и Елдин Растодер покажуваат дека се во одлична форма, откако постигнаа нови голови на клупска сцена. Миовски беше стартер и даде гол за Ренџерс во убедливата победа од 8:0 над Квинс Парк за пласман во четвртфиналето на Купот на Шкотска.
Миовски погоди со глава во 80 минута кога зголеми на 7:0.
🚨⚽️ Bojan Miovski 80′
🏴 Rangers 7-0 Queen’s Park FCpic.twitter.com/gW2TvYL7q8
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 8, 2026
Во одлична голгетерска форма е и Елмин Растодер. Македонскиот репрезентативен напаѓач попладнево во меч од 23.коло во швајцарското првенство, повторно даде гол за својот Тун во победата од 3:1 на гостувањето кај сервет. Растодер погоди во 40 минута за водство на Тун од 1:0.
Со овој триумф, Тун со 51 бодови се зацврсти на чело на табелата во швајцарското првенство, имајќи дури 11 повеќе од второпласираниот Лугано во чии редови настапува Џани Алиоски.
Миовски и Растодер треба да го задржат овој голгетерски ритам и во следниот период, посебно кога на 26 март Македонија ќе гостува кај Данска во баражот за пласман на Светското првенство.

