Мечот помеѓу Жирона и Феенорд (2-3) влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв на којшто имало два автогола и два утнати пенали. Никогаш претходно во елитното натпреварување немало ваков меч.
Домашните буквално сами се победија откако си постигнаа два автогола, а тоа им „успеа“ на Ерера во 23-тата и на Крејцл во 79-тата минута. Двата нереализирани пенали беа по еден на двете страни. За жал, во екипата на Жирона промашениот пенал е за нашиот Бојан Миовски, чиј удар во 67-мата минута беше одбранет од страна на голманот на Феенорд, додека во холандскиот состав неуспешен беше Јапонецот Ајасе Уеда, во 36-тата минута.
Навистина уникатен меч кој ќе остане запишан во историјата на Лигата на шампионите.