Миовски игра фантастично, со гол во 100-та минута го спаси Абердин од пораз

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, продолжува со одличните игри во дресот на Абердин на стартот од сезоната и на четврти натпревар по ред ги тресе мрежите на противничките екипи.

На натпреварот од третото коло во шкотската Премиер лига, Миовски во десеттата минута од судиското продолжение постигна гол од пенал и го спаси Абердин од пораз во дуелот со Сент Мирен (2:2).

Ова беше четврти натпревар по ред на кој Миовски се запишува во листата на стрелци. Првиот гол во новата сезона го постигна во мечот против шампионот Селтик, потоа погоди против Стирлинг во Лига купот и во четвртокот му даде гол на Хакен во првиот меч од баражот за пласман во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести