Двајца македонски репрезентативци попладнево на британскиот остров играа натпревари против силни екипи.
Абердин на Бојан Миовски, загуби дома од Селтик со 0-1, а гостите со гол во 87-ма минута дојдоа до победата. Миовски беше стартер во Абердин и одигра 73 минути. За негова жал, 14 минути по неговото излегување, гостите дадоа гол кој ги зацврсти на прво место, а Абердин остана трети.
Во Њукасл, се играше пријателски меч помеѓу англискиот премиерлигаш од тој град и шпански Рајо Валјекано. Столе Димитриевски бранеше цел меч. Беше совладан во 4-та минута од Лонгстаф и во 69-та минута од Вуд кој реализираше пенал. Потоа домашните си дадоа и автогол, па Њукасл на крај победи со 2-1.