Миовски им прости на Италијанците, стативата и Димитриевски ја спасуваа Македонија

Ниту Македонија ниту Италија не постигнаа гол во првото полувреме на пресметката во Скопје од квалификациите за ЕП 2024, иако двете селекции имаа зрели шанси.

Најблиску до погодок, Црвено-жолтите беа кога Миовски со глава за малку не го погоди голот по одличен центаршут на Алиоски, а имавме среќа што брзо потоа не дојде казната бидејќи Тонали ја погоди стативата.

Димитриевски го одбрани опасниот шут на Кристанте по нафрлување од корнер, а нашиот голман се повреди сопнувајќи се на лошиот терен во својот 16-ник, но за среќа не потешко, и продолжи да стои на голот.

- Оглас -

Најнови вести