Бојан Миовски има проблеми со британската виза и утре нема да биде во составот на Абердин во Лига купот против Питерхед.
Процедурата за работна виза за македонскиот репрезентативец е во тек, а во Абердин се уверени дека проблемот ќе се разреши за 7-10 дена и дека Миовски сигурно ќе игра против гигантот Селтик во дербито на првото коло во Шкотска на 31. јули.
„Нашата проценка е дека ќе можеме да ги средиме сите работи за визата за 7-10 дена, а во најлош случај тоа ќе биде за дваесеттина дена. Сигурни сме дека Миовски ќе може да игра против Селтик на 31. јули“, вели Џим Гудвин, тренерот на Абердин.
Токму тој инсистираше Миовски да биде купен во летниот преоден рок и е сигурен дека Абердин направил вистински потег со ангажманот на нашиот репрезентативец во трансфер што го чинеше клубот нешто повеќе од 620 илјади евра.