Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е селектиран во најдобриот тим во шкотското фудбалско првенство за изминатиов викенд. Миовски одигра одлично и беше најзаслужен што неговиот Абердин конечно се израдува на победа во новата сезона.
Абердин победи со 4:0 над Рос каунти, а Миовски постигна два гола, плус асистираше на уште еден погодок. Миовски играше до 72-рата минута, а потоа беше заменет. Неговиот Абердин има само пет бода од шест средби и е на претпоследното место на табелата.
Миовски сезонава има четири гола во првенството на Шкотска, еден во Купот на Шкотска и два во Лигата на Европа.