Миовски му носи водство на Абердин (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните игри во дресот на Абердин постигнувајќи гол за шкотскиот тим во дуелот со ПАОК во рамките на Лигата на конференции.

Миовски голот го постигна во 49-тата минута за водство од 1:0 на Абердин во мечот од третото коло.

Ова е втор гол за Миовски во третиот меч за Абердин во Лигата на конференции. Првиот гол го постигна во претходното коло, во ремито од 1:1 против Хелсинки.

- Оглас -

Најнови вести