Бојан Миовски пристигна во Шпанија и му се приклучи на својот нов клб Абердин, кој е на подготовки на Пиринејскиот Полуостров. Напаѓачот е пречекан како ѕвезда, очекувањата од него се големи.
Тој засега не може да оди во Шкотска затоа што уште нема британска виза, но тимот е во Шпанија и додека е таму, Бојан ќе биде со нив.
Миовски имаше прилика да се запознае со соиграчите.