Миовски најави дека во Жирона ќе го даде најдоброто од себе

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски треба да биде големо засилување за тимот на Жирона. Каталонскиот тим беше најпријатно изненадување минатата сезона и заврши на третото место, веднаш зад гигантите Реал Мадрид и Барселона.
Миовски вели дека ги исполнува соништата од детството и вети дека ќе даде сè од себе во новиот клуб во којшто веќе се вклопи.

„Ова е одлична шанса за мене, дојдов навистина во голем клуб, во една од најдобрите лиги во светот и ќе играм со Жирона во Лигата на шампионите. За ова секој фудбалер тренира од мали нозе, се надева дека еден ден ќе ги исполни своите соништа. Се запознав со соиграчите, се приклучив на тренинзите, имаме одличен тренер со кого имав неколку разговори и подготвен сум да дадам сѐ од себе за да ги исполниме целите на клубот. Се надевам дека добро ќе ја вршам мојата работа, а тоа е да постигнувам голови“, изјави Бојан Миовски.

- Оглас -

Најнови вести