Абердин со 3-1 славеше на гостувањето кај Ренџерс во Глазгов, во меч од шкотската лига во кој Бојан Миовски одигра 72 минути.
За Абердин, ова е прва победа над Ренџерс на „Ајброкс“ од 2019 наваму. Во минатата сезона Абердин дома го победи 55-кратниот шампион на Шкотска и еден од двата најголеми шкотски клубови, тогаш со гол придонесе и Македонецот, а овојпат и без гол на Миовски, извојуваа голе триумф.
Ова е втора победа по ред за Абердин, кој после катастрофалниот старт, влегува во победнички ритам со 7 постигнати голови во последните две кола. Ренџерс има дури три порази во досегашните седум кола и веќе има седум бод негатива зад ривалот Селтик кој ретко киксира, па и сезонава е топ фаворит за титулата.