Миовски не запира: 25-та минута е, а Македонецот веќе даде два гола

Без разлика дали е шкотска Премиер лига, шкотски куп или Конференциската лига на УЕФА, Бојан Миовски сезонава безмилосно ги тресе мрежите на противниците.

Денеска македонскиот голгетер веќе постигна два гола на дуел од осминафиналето на купот на Шкотска против Бонириг роуз (четвртолигаш), а поминаа само 25 минути од средбата. Головите ги даде во 17-та и 25-та минута за водство на Абердин од 2-0. Има доволно време за хет-трик, па и нешто повеќе.

- Оглас -

Најнови вести