Миовски: Нема што да загубиме, на Германците нема да им биде лесно во Скопје

Бојан Миовски синоќа за првпат за игра за сениорската репрезентација на Македонија, покажа дека е големо освежување за нападот на Рисовите, и вели дека му е чест што дебитирал за А тимот.

„Знаевме дека после првиот гол, сè ќе биде полесно. Пред да го отвориме Лихтенштајн имавме шанси, поништен гол, топката не сакаше да влезе во гол. Имаме одлична репрезентација, спој на младост и искуство, си помагаме на терен. Да се биде дел од репрезентацијата е гордост, често ми е што дебитирав, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот“ – вели напаѓачот.

Миовски смета дека Германците в понеделник вечер нема да го потценат македонскиот тим, бидејќи почувствуваа на своја кожа што може да им се случи ако го направат тоа.

„Треба да уживаме во мечот со Германија. Нема што да загубиме, треба само да ги исполниме барањата и тактичките замисли на селекторот. Германија е силна, овојпат сигурно нема да нè потценат, но со поддршка од публиката, можеме до поволен резултат, нема да им биде лесно на Германците во Скопје“ – најавува Миовски.

- Оглас -

Најнови вести