32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Миовски обожува да игра против Ренџерс, по третпат ја тресе мрежата на шкотскиот гигант (Видео)

Македонскиот репрезентативец продолжува да ги тресе мрежите во шкотската Премиер лига, а последна жртва е гигантот Ренџерс.

Абердин поведе со 1:0 во мечот против Ренџерс, благодарение на Миовски кој во 11-та минута на најдобар можен начин ја реализира акцијата за гол во три потези.

Ова е трет гол кој Миовски му го дава на Ренџерс во досегашните седум меча.
Голот на Миовски може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести