12.3 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Миовски остана без тренер, легендата на Ливерпул има голема шанса да седне на клупата

Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс остана без тренер, откако вечерва отказ доби Расел Мартин. Заминувањето на Мартин е поради серијата слаби резултати што ги има клубот, а кулминацијата беше со денешното реми против Фалкрик на гости.

Интересно е дека на дуелот против Фалкрик, голот за водство на Ренџерс беше дело на македонскиот голгетер Бојан Миовски и може да го погледнете ТУКА.

Иако Ренџерс водеше, Фалкрик успеа да се врати во игра и во второто полувреме да израмни на 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат. По седум одиграни меча, Глазгов Ренџерс има само една победа, пет реми и еден пораз, што е доволно за осмо место на табелата.

Се очекува во најскоро време да биде назначен новиот тренер на Ренџерс, а меѓу еден од главните фаворити за оваа тренерска работа се споменува и легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

- Оглас -

Најнови вести