Миовски по пауза од два месеци се врати на зелените терени, но Жирона повторно загуби (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после пауза од два месеци, конечно се врати на зелените терени. Нашиот фудбалер во игра влезе во 94-тата минута во поразот на Жирона од Хетафе на домашен терен и имаше само четири минута за да ја спаси својата екипа од пораз.

Сепак, на крајот Жирона и вторпат по ред е поразена во Лига, но добра вест за нас и за репрезентацијата е враќањето на Бојан Миовски, кој се повреди на дуелот против Реал Мадрид на седми декември минатата година и од тогаш не одигра ниту минута за Жирона.

- Оглас -

Најнови вести