Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, го постигна првиот гол во новата сезона во шкотската Премиер лига и тоа против шампионот.
Миовски кој се опорави од повредата поради која ја пропушти завршницата од минатата сезона, постигна гол за својот Абердин против Селтик. Миовски првиот гол во новата сезона го постигна во 25-та минута со кој израмни на 1:1.
https://twitter.com/i/status/1690687258880245760
Но, до крајот на првиот дел, Селтик постигна уште еден гол и на пауза замина до предност од 1:2.
Миовски ги одигра сите 90 минути и во мечот од првото коло против Ливингстон кој заврши без голови.